Во Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи јавна расправа за реформскиот пакет во врска со Предлог-законите за дигитална трансформација.
На оваа расправа, што ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, покрај членовите на Комисијата, поканети се и стручњаци, претставници од Владата и министерствата за дигитална трансформација, транспорт, внатрешни работи, одбрана, како и од Министерството за надворешни работи и надлежните институции.




