Јаревски: Цените на горивата стабилизирани, приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и економска стабилност.

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, коментираше одлуките на Владата за намалување на ДДВ-то за горивата и ослободувањето на количини на мазут од државните резерви. Овие мерки имаат за цел да се спречи зголемувањето на цените на производите и електричната енергија.

Јаревски истакна дека Владата успешно се справува со предизвиците од глобалната економска криза, нагласувајќи дека снабдувањето со горива се одвива без прекини. „Намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10 проценти е само првиот чекор. Доколку е потребно, ќе се размисли за дополнително намалување до 5 проценти. Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство, покрај сите досегашни активности, започна и разговори со дистрибутерите на нафта, со цел да се постигне дополнителен попуст на маржа од 2 до 3 денари. Со ова, сакаме барем во овој сериозен период да одржиме стабилни цени на горивата“, рече Јаревски.

Прочитајте и:  Иран ѝ упати закана на Британија и Франција поради Ормускиот Теснец.

Тој исто така потенцираше дека државата и понатаму останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, што ги потврдува ефикасноста на преземените мерки и стабилноста на енергетскиот систем. Приоритет на Владата, како што нагласи, останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економската ситуација.