Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, вечерва изрази своето задоволство од усвоеното законско решение за високо образование, објаснувајќи дека тоа не ја загрозува автономијата на универзитетите. Таа истакна дека последните измени што беа направени се резултат на барањата на академската заедница за новиот закон. Според неа, во однос на автономијата, не се направени компромиси кои би ја нарушиле независноста на образовните институции.



