Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку своите социјални мрежи објави дека и оваа година ќе се одржи традиционалниот Заеднички Бадников ручек. Оваа манифестација, која се одржува по петти пат, ќе го обедини градот во празничен дух. Настанот е планиран за 6 јануари (вторник), со почеток во 11:00 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци. Сите граѓани ќе имаат можност да вкусат топол оброк и да ја доживеат бадниковата атмосфера на заедништво и солидарност.
„Најубавите празници се оние што ги делиме со другите“, истакна Јанчев, подчертавајќи дека главната идеја на настанот е Бадник да се дочека заедно, со трпеза, дружење и насмевки.
Заедничкиот Бадников ручек се организира од Општина Кавадарци, во соработка со општествено одговорни компании. Подготовката на храната и создавањето на празничното расположение е поверено на шеф Горан Филипов и неговите колеги, познати професионални готвачи од Македонија.
Општината упатува отворена покана до сите граѓани да присуствуваат на овој настан и заедно да го прослават Бадник, испраќајќи порака дека Кавадарци е град кој обединува преку хуманост.




