На 4 јануари, жена во главниот град била жртва на насилство од страна на поранешниот партнер, случаен минувач интервенирал и ја пријавил ситуацијата во полиција.
Објавено 08/01/2026 20:19:17
Фото: Креирана илустрација
Поранешен партнер физички нападнал жена, удирајќи ја повеќе пати по глава и тело, а потоа ја турнал од автомобил на бетонот меѓу столбчињата на коловозот. Инцидентот се случил на 4 јануари во Скопје како резултат на љубомора, а настанот го пријавил случаен минувач.
Можеби ќе ве интересира
Жртвата веднаш била пренесена во болница за укажување на лекарска помош, а од полицијата потврдуваат дека осомничениот веднаш е идентификуван. За време на постапката, судот му забрани на напаѓачот приближување и контакт со жената.




