На Израел му недостасуваат системи за одбрана против ракети „Аrrow“, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуван функционер од САД.
Системот „Аrrow“ не е единствениот механизам за одбрана против ракети од Иран. Соединетите Држави располагаат со системи за ракетна одбрана „Патриот“, како и со возила за воздушна одбрана на високи надморски височини на Блискиот Исток, способни да пресретнат балистички ракети.
Според информациите, американски разорувачи исто така успеале да уништат некои ракети.
„Аrrow“ функционира како горен слој во израелската ракетна одбрана, во комбинација со „Железната купола“, која елиминира закани од краток дострел, како што се минофрлачи и крати ракети. Системот „Arrow-2“ работи со години и е способен да пресретне балистички ракети со долг дострел. Истовремено, понапредната верзија „Arrow-3“ е дизајнирана да пресретне ракети уште во фазата на нивниот излет од Земјината атмосфера.