Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни напади врз Иран довеле до смртта на повеќе од 20 високи команданти во иранската армија и Револуционерната гарда, меѓу кои е и шефот на вооружените сили, Мохамад Багери.
„Од почетокот на нашата операција, елиминирани се повеќе од 20 команданти во безбедносниот сектор на иранскиот режим“, изјавија од израелската војска, истакнувајќи неколку клучни имена од иранската војска.