Изменет сообраќаен режим во следните четири дена во Скопје, кај кањонот Матка и реката Треска.

Секторот за внатрешни работи во Скопје ги известува сите граѓани дека поради одржувањето на Европските младински игри Скопје 2025, кое ќе се одржи во кајак на реката Треска во кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот. Ова ќе важи во понеделник, вторник и среда од 08:00 до 14:00 часот, а во четврток од 08:00 до 16:30 часот.

Ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат инструкциите на полициските службеници за да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот.