Изложба и промоција на два албума по повод 40 години „Чоканче“ – во Прилеп – Вечер …1963

Вечерва, на 30-ти јануари, со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи ретроспективна изложба на фотографии и промоција на албумите „Чоканче 1&2“ и „Апсолутно романтично“ во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. На овој настан ќе биде презентиран 40-годишниот развоен пат на групата „Чоканче“, која првпат се јавила на 12-ти март 1983 година, на „Рок-парада“ во битолското кино „Партизан“, заедно со уште 13 локални музички состави.

Со својот динамичен настап и непосреден контакт со публиката, „Чоканче“ веднаш се издвои и уште на тој ден значително ја промени рок-сцената во Битола. Откако започнаа со настапи во 1986 година, групата се фокусира на своите авторски песни, снимани за Радио Битола и Македонската радио-телевизија. И покрај периодичните прекини во работењето, групата останува активна повеќе од четири децении, секогаш донесувајќи ја својата енергија пред љубителите на музиката.

Во текот на 1994 и 1995 година, во студиото на Миодраг Неќак – МИКС, започна работењето на двојниот албум „Чоканче 1&2“, кој беше издаден на касета и промовиран во клубот „Андерграунд“ во Битола, како и во Домот на младите во Штип и Скопје. Во 2024 година, дел од песните ќе бидат реиздадени на винил, а наскоро ќе бидат достапни и на компакт-диск. Групата доживеа промени во составот, но остана верна на својот уникатен звук.

В моментов, членовите на „Чоканче“ се: Паљачо, Скрочо, Крчо, Ќебапо и Алеко.