Изложба на студенти од Катедрата за сликарство на ФЛУ

Во вторник, на 20-ти мај во 20:00 часот, ќе биде отворена традиционалната изложба насловена „Четирите мајстори на модернизмот“, каде учествуваат студенти од четврта година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, од смерот за сликарство. Изложбата е организирана во чест на основачите на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков. Меѓу учесниците се и: Андреј Антевски, Ана Томовска, Благица Трајкоска, Горазд Николовски, Елена Стојкова, Ема Теовска, Марија Ќурчиева, Марија Нешкоска, Павел Бучковски, Христијан Петровски. Дополнително, свој придонес ќе даде и еразмус студентот Хорхе Триано, под менторство на проф. Благоја Маневски за студентите од прва до трета година и проф. Ангел Миов за оние од четврта година.