CD Projekt Red го претстави The Witcher 4 со шестминутен трејлер кој ја потврдува Сири како протагонист. Тоа е и најголемото откритие на новата игра. Таа ќе го замени Гералт од Ривера како главен лик. За неупатените, Сири е посвоена ќерка на Гералт.
„На почетокот на новата сага, играчите ја преземаат улогата на Сири, професионален убиец на чудовишта и тргнуваат на патување низ брутален свет на мрачна фантазија“, вели CD Projekt Red. И зошто ја избраа Сири?
„Толку е добро што конечно можеме да ги кажеме тие зборови – долго време знаеме дека сакаме Сири да биде протагонистка на The Witcher 4. Се чувствуваше природно и веруваме дека таа го заслужува тоа“, велат тие.
Трејлерот за The Witcher 4 прикажува зафрлено село каде што селаните подготвуваат млада девојка за традиционална жртва на смртоносно чудовиште. Потоа се запознаваме со Сири која интервенира и се бори со чудовиштето. Можеме да ја видиме како користи меч и магични напивки додека завршува со убивање на ѕверот. Трејлерот собра 1,7 милиони прегледи за седум часа.
Минатата година, The Witcher 3 беше прогласена за деветта најпродавана игра на сите времиња. Дотогаш, целата франшиза беше продадена во повеќе од 75 милиони примероци, од кои третиот дел имаше најголем број, кој беше продаден во повеќе од 50 милиони примероци.
„Ова јасно ја покажува силата на франшизата и ние сме возбудени за претстојните проекти во универзумот на The Witcher“, коментираше тогаш шефот на CDPR, Адам Кичински. За продажбата придонесе и објавувањето на трите игри за следната генерација на конзоли, кое се појави на крајот на минатата година.