Излезе и новиот трејлер за live-action римејкот на „Кралот лав“, а два дена подоцна, се чини дека многумина се сложуваат околу една работа – новиот Скар е ужасен, и не во смисла ужасен по карактер, како во анимираниот оригинал од 1994 година.
Тоа што во оригиналот беше одличен негативец – зол, моќен, грациозен и застрашувачки Скар (дури и името Scar е такво – во превод „лузна“), овде повеќе личи на изгладнет, мршав и искубан лав. Гласот го позајмува Chiwetel Ejiofor, кој секако е одличен актер, но според многумина, врз основа на виденото, во улогата на Скар звучи како наратор од документарец за природа, за разлика од длабокиот глас на Џереми Ајронс кој влева страв во коските кога зборува Скар од оригиналниот анимиран „Кралот лав“. Во тоа ќе се уверите уште на почетокот на трејлерот, кога Скар му вели на Симба: „Животот не е фер, зар не, мој мал пријателе? Додека некои се родени да се гостат, други го поминуваат животот во темнина, молејќи за трошки“…
„Анимираниот Скар се превртува во својот анимиран гpoб кога го гледа овој свој live-action наследник“, коментира еден фан на оригиналот.
„Го гледав трејлерот за Кралот лав, тоа е ср*ње пропаганда во корист на Муфаса. Скар изгледа суво и изгладнето, како да не беше опасен лик во анимираниот филм“, пишува друг.
„Овој live-action Скар не е опасно ceкcи како што беше оној ‘мачето’ во цртаниот филм, па воопшто нема ни да го гледам филмот“, вели друга.
Други уште од сега прогнозираат кој ќе биде најтрагичниот момент во филмот – лошата фризура на новиот Скар.