Изјавата на Киро Глигоров која го заинтригира Балканот (ВИДЕО)

Во јануари 2007 година на 15 годишнината од распаѓањето на Југославија поранешниот претседател Киро Глигоров зборуваше за тоа како војната би можела да се избегне, доколку не би постоела суетата и личните амбиции на лидерите на Србија и Хрватска, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туџман. Слично размислуваа и други странски политичари и аналитичари, а денес сите се прашуваме што ќе се случеше ако претседателите на републиките тогаш пи ја прифатиле познатата понуда за брзо влегување во ЕУ и помош од 5 милијарди.

Дали планот кој во Белград го донела „европската тројка“ навистина можел да ја спаси државата од граѓанска војна и да ја сврти историјата на овие простори во некоја друга насока? Многу учесници на овие случувања години подоцна изјавиле дека таа не била сериозна понуда. Според Киро Глигоров, пред самото распаѓање на Југославија како последен обид да не дојде до војна помеѓу републиката, во Белград дошла „тројката од европската заедница“. Жак Делор, претседател на Европската комисија, Ханс Ван ден Брук и министерот за надворешни работи на Луксембург, Жак Сантер, од земјата која во тој момент претседавала. Тие ги собрале членовите на претседателството и избраните претседатели за да им го претстават планот.

-„Жак Делор прочита предлог кој бил одобрен од страна на Советот на ЕУ. Прво, со политичка одлука Југославија веднаш ќе биде примена во ЕУ. Второ, доколку успее реформата на Анте Марковиќ, ќе добие од буџетот на ЕУ 5 милијарди долари. Но тогаш се покажаа неразумните односи меѓу претседателите на републиката – ако едниот каже А, другиот вели Б“, изјавил Глигоров во 2007 година.

Во својот говор Глигоров истакнува дека чувствува деил од одговорнста битејќи и тој бил дел од тој тим. Посочувајќи го предлогот на Делор во кој тој предлага секоја република која сака да биде независна да оди на референдум и ако тоа го потврди народот таа ќе биде примена во ОН.

-„Не можевме никако да се согласиме. Јас не спаѓам меѓу оние луѓе кои сметаат дека сѐ што беше поврзано со Југославија беше погрешно и лошо. Има и резултати. И тие работи треба да се издвојат. Делор тогаш ни рече дека секоја република која сака да биде независна треба да оди на референдум, и ако тоа го потврди народот, таа ќе биде примена во ОН“, вели Глигоров.

Според неговото сведочење, двајцата претседатели на Србија и Хрватска не го прифатиле планот на Делор.

„Милошевиќ рече: „Мислам дека треба да создадеме цврста и модерна федерација со центар во Белград“, а после него следуваше Туџман: „Јас чувствувам дека имам историска мисија – да го обновиме хрватското царство. Имавме држава, а сега треба да ја вратиме. И тоа не ме интересира“. Алија Изетбеговиќ рече: „Ве молам, немојте така, ајде да прифатиме како основа за разговор, па ќе има други сугестии. Ако не се случи тоа, во Босна ќе има крв до колена“, се сеќава Глигоров на состанокот со тројката на ЕУ.

Повеќе на  Centar.mk.

- Реклама -