Изјава на член од обезбедувањето

Столе Боев, член на обезбедувањето во ноќниот клуб „Пулс“, вечерва изјави дека не се чувствува виновен. Тој е под сомнение бидејќи вообичаено е забрането пуштање на малолетници внатре. „Направив сè што можев да спасам што е можно повеќе луѓе и исклучително ми е жал и болно за тие што не успеав да ги извлечам. Со огромна тага изразувам сочувство до семејствата на загинатите. Голем дел од нив беа мои пријатели и со свои раце ги извадив. Никој не може да разбере како се чувствувам, но тоа е реалноста,“ истакна Боев. Според него, гневот во Кочани не е насочен кон обезбедувањето. „Протестирачите се наши луѓе и тие бараат правда и слобода за нас. Успеавме да направиме сè што е во наша моќ, како дел од обезбедувањето што ги извлече сите преживеани,“ додаде тој. Во несреќата изгореа 59 лица, меѓу кои и малолетници, а 20 луѓе се во критична здравствена состојба.