АД ЕСМ изразува длабока благодарност кон Иван Куковски за неговиот значаен ангажман и исклучителен придонес во работењето на компанијата. Неговата посветеност, експертиза и лидерство беа есенцијални, не само како претседател на Надзорниот одбор, туку и како докажан професионалец кој за време на својата кариера остави траен печат во развојот на македонскиот енергетски сектор. Неговата визија и искуство служат како инспирација за многумина, а неговиот придонес ќе остане важен за идните генерации. Му посакуваме многу успех во новите професионални предизвици и лични реализирања, истакнуваат од компанијата.

На чело на Надзорниот одбор сега стапува досегашниот член, Александар Мурговски, кој ќе биде поддржан од компанијата во неговата нова улога за успешна и посветена работа, како и за ефикасно управување со Надзорниот одбор во следниот период.
– Сигурни сме дека неговото богатство од искуство и длабинските знаења за енергетскиот сектор ќе придонесат за понатамошен раст, стабилност и развој на АД ЕСМ, како и за успешно справување со идните предизвици, додаваат од АД ЕСМ.




