Ива Пројковска ќе го суди натпреварот Реал – ПСЖ од Лигата на шампионките

Македонската судијка Ива Пројковска доби ново големо признание од УЕФА. Таа е делегирана да ја дели правдата на дербито од првото коло во женската Лига на шампиони меѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

Дуелот меѓу двата европски гиганти ќе се одигра вечерва од 21 часот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, а Пројковска ќе ја предводи судиската екипа.

Ова е уште една потврда за нејзиниот статус на меѓународната сцена. Пројковска во изминатиот период добиваше доверба за значајни натпревари под капата на УЕФА, а сега ќе има можност да биде дел од уште еден атрактивен европски дуел.

Македонско присуство ќе има и во останатиот дел од судиската екипа. Помошник-судија ќе биде Елена Соклевска-Илиевски, додека Летонката Диана Ванага е назначена за трет член на тимот.