Затворен аеродромот во Загреб поради проблеми при слетување на летало

Затворање на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб моментално е затворен за сообраќај до понатамошно известување.

Ситуацијата стана напната во неделата, кратко по 15 часот, кога приватен авион „Цесна 525“, управуван од авио-компанијата „Ер Панонија“ со регистрациски број 9А-ЈЈИМ, имаше проблеми при слетувањето и се лизна на тревната површина покрај аеродромската писта. За среќа, нема повредени.

„Процесот на отстранување на авионот е во тек и аеродромот е затворен за сите видови сообраќај до ново известување, согласно прописите. Според информации од претставниците на „Ер Панонија“, летот бил без патници и не се случил никаков инцидент со повредени. Аеродромот „Фрањо Туѓман“ се извинува на патниците за доцнењето во пристигнувањето и заминувањето на другите летови предизвикани од овој настан. Ќе го известиме јавноста веднаш штом аеродромот повторно биде отворен“, наведе аеродромот.