Итно предупредување од Вашингтон: Американците да се повлечат од Ирак

Соединетите Американски Држави им упатија итен повик на своите граѓани да го напуштат Ирак, по извршениот напад врз зградата на американската амбасада во Багдад. Од амбасадата истакнаа дека оние што се одлучиле да останат треба сериозно да ја преиспитаат својата одлука поради зголемените ризици за безбедноста.

„Американските државјани кои ќе останат во Ирак треба повторно да размислат за својата одлука, имајќи предвид големата опасност од терористички групи поврзани со Иран“, се наведува во официјалното соопштение.

Исто така, од амбасадата информираа дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и дека редовно ќе обезбедуваат ажурирани информации што ќе им помогнат на граѓаните во донесувањето на клучни одлуки во однос на нивната безбедност. САД исто така нагласија дека се подготвени да им помогнат на своите државјани кои сакаат да ја напуштат земјата, обезбедувајќи информации за сите достапни опции за заминување од Ирак.

Прочитајте и:  Дрон удри во автобус со деца патувајќи кон Русија: Белорусија бара објаснување од Киев