Забележан кит во Црна Гора

Министерството за екологија, одржлив развој и северен развој ги повикува сите корисници на чамци, туристи и граѓани да се вклучат во заштитата на китот, кој неодамна беше забележан во Бока Которскиот Залив.

Овој настан е исклучително редок и претставува важен природен феномен во водите на Црна Гора.

„Затоа, Министерството апелира до сите да не се приближуваат кон китот и да не го вознемируваат со свои дејствија. Ве молиме да ја намалите брзината на вашите пловила во близина на местото каде што е забележан китот и да следите можните движења на животното под површината. Избегнувајте користење на подводни средства кои би можеле да го вознемират или дезорентираат“, се истакнува во соопштението.

Прочитајте и:  (Видео) Одлучено: Маѓар нов лидер на владата, Фидес во опозиција, а улиците се исполнуваат со прослави

Министерството исто така повика на итно пријавување на секое видување на кит или подозрително повредено животно до надлежните институции, вклучувајќи ја Управата за поморска безбедност и управување со пристаништата и Институтот за морска биологија.