Испраќањето војници во Украина „во моментов“ не е актуелно, вели шведскиот премиер

Испраќањето војници во Украина во моментов „не е на маса“, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон, чија земја ќе стане 32-та членка на НАТО.

„Во моментов тоа не е актуелно“, изјави премиерот за шведскиот канал СВТ, реагирајќи на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека испраќањето западни трупи на украинска територија не би требало да биде исклучено во иднина.

„Во моментов сме зафатени со испраќање опрема во Украина“, нагласи шефот на шведската Влада.

На 20 февруари Стокхолм најави воена помош (15-ти пакет) за Киев во форма на опрема во вредност од 633 милиони евра, вклучувајќи артилериска муниција, воени бродови, противвоздушни системи и гранати.

Прочитајте и:  Средба на Мицкоски со Зеленски во Дубровник

„Нема барање од украинската страна за копнени трупи“, додаде Кристерсон.

Унгарскиот Парламент вчера гласаше за влез на Шведска во НАТО, речиси две години по почетокот на пристапниот процес на земјата.

„Шведска е подготвена да ги преземе своите одговорности во поглед на евроатлантската безбедност“, рече Кристерсон по гласањето во Унгарија.

- Реклама -