Исплатата на „МојДДВ“ во тек, завршува до крајот на месецов

Исплатата на „МојДДВ“ во тек, завршува до крајот на месецов

До крајот на месецов, граѓаните треба да ги добијат средствата од „МојДДВ“ на своите сметки. Од Управата за јавни приходи соопштија дека исплатата е во тек, при што досега се распределени парични средства на 344.000 корисници, додека остануваат уште 152.543 корисници за обработка.

Според информациите од УЈП, исплатата на „МојДДВ“ е во завршна фаза. До денешниот датум, 19 февруари 2025 година, од вкупниот број на корисници кој изнесува 496.543, средствата се префрлени на 344.000 лица. Во наредните денови, до завршетокот на месецот, кога истекува рокот за исплата за последното тромесечје од 2024 година, ќе се обработат податоците за останатите 152.543 корисници, и средствата ќе им бидат префрлени на нивните трансакциски сметки. За скенираните фискални сметки во периодот од октомври до декември 2024 година,граѓаните кои учествуваат во „МојДДВ“ ќе добијат повеќе од 870 милиони денари.

Корисниците кои не добиле исплата во претходните циклуси поради неажурирани трансакциски сметки треба да ги ажурираат своите податоци. Ова се однесува само на оние кои не добиле средства во претходните тромесечни исплати.