Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи, денеска преку објава на социјалната мрежа Х истакна дека исламската нација „никогаш нема да им се предаде на Соединетите Американски Држави“.
Во објавата на фарси, Хамнеи нагласи дека иранскиот народ треба да биде свесен дека причината за конфликтот со Америка лежи во неговата желба Иран да се предаде. Овие зборови беа упатени во моментот кога десетици илјади граѓани на Техеран присуствуваа на масовниот погреб на 60 лица кои загинаа во неодамнешните израелски напади на иранска територија.
Тој дополнително истакна дека САД извршиле сериозна навреда кон иранската нација и изрази уверување дека таков инцидент никогаш повеќе нема да се случи.




