Иранските весници известуваат: Во немирите загинале најмалку 109 членови на безбедносните сили

Најмалку 109 припадници на иранските безбедносни сили загинале поради немирите кои во последниот период зафатија повеќе делови на земјата, извести иранската новинска агенција Тасним. Во нивната објава не е наведено колку демонстранти ги загубиле животите.

Протестите започнаа на 28 декември во Големиот базар во Техеран, како реакција на наглиот пад на вредноста на иранскиот ријал и влошените економски услови, а многу брзо се проширија и во други градови. Официјалните институции досега не објавиле податоци за вкупниот број на жртви.

Американската организација за човекови права, Human Rights Activists News Agency, соопшти дека во немирите загинале најмалку 116 лица, а над 2.600 биле приведени. Во меѓувреме, анонимен лекар од Техеран за списанието Тајм изјавил дека шест болници во главниот град регистрирале „најмалку 217 смртни случаи меѓу демонстрантите“, истакнувајќи дека мнозинството од жртвите настрадале од употребата на боево оружје.

Различните податоци и ограничениот пристап до независни извори дополнително ја отежнуваат оценката на реалните размери на насилството, додека ситуацијата во Иран и понатаму остава напната и неизвесна.