Иран вечерва ги надмина црвените линии

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Иран вечерва „ги преминал црвените линии“ со лансирањето ракети кон цивилни населби. Тој предупреди дека Техеран „ќе плати многу висока цена“ за своите дејства, пренесува Си-Ен-Ен.

Во меѓувреме, израелската полиција извести дека остатоци од пресретната иранска муниција паднале во Северниот округ на Израел. Портпаролот на полицијата нагласи дека засега нема пријавени повредени, но е констатирана материјална штета.

Пожарникарите во Северниот округ се ангажирани на два инцидента на отворено предизвикани од иранските напади, според локалната пожарна служба.

Исто така, Израелската команда за домашниот фронт соопшти дека цивилите можат да ги напуштат засолништата, но им препорача да останат во близина на безбедни места за да бидат подготвени за можни нови напади.