Иран на Русија ѝ испорачал околу 400 балистички ракети

Иран и испорачал на Русија голем број балистички ракети од типот земја-земја, јавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Тројца ирански извори изјавија дека Иран и испратил на Русија околу 400 балистички ракети со краток дострел, како што е „Золфагар“, ракета што може да погоди цели на одалеченост од 300 до 700 километри. Испораките почнале на почетокот на јануари, по состаноците од крајот на минатата година меѓу иранските и руските воени и безбедносни претставници одржани во Техеран и Москва, наведува еден од иранските извори.

Некои проектили беа доставени до Русија со бродови преку Каспиското Море, додека други беа транспортирани со авиони.

-Ќе има повеќе пратки. Дозволено ни е да извезуваме оружје во која било земја што сакаме, изјави неименуван извор близок до иранската војска.

Прочитајте и:  Унгарија го одложува заемот од Г7 за Украина до претседателските избори во САД

Ограничувањата на Советот за безбедност на ОН за иранскиот извоз на ракети, беспилотни летала и друга технологија истекоа во октомври.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, на почетокот на јануари изјави дека САД се загрижени поради тоа што Русија е блиску до набавка на балистичко оружје со краток дострел од Иран, покрај ракетите кои се веќе набавени од Северна Кореја.

- Реклама -