Иранските власти го одобрија минувањето на турски товарен брод, кој транспортираше сурова нафта од Ирак кон Малезија, низ Ормуската теснина. Ова го изјави турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу. Според него, три турски бродови успеале да ја поминат оваа клучна блокирана поморска рута од почетокот на актуелната војна, која започна на 28 февруари.




