По повиците за обезбедување заштита и евентуален азил за иранските спортистки во странство, од Иран стигна остра реакција, во која таквите предлози се оценуваат како лицемерни. Во соопштението се наведува дека “повеќе од 165 невини ирански ученици загинале во двојниот напад со проектили во градот Минаб”. Оваа порака посочува дека “апсурдно и лицемерно е да се зборува за ‘спасување’ на иранските спортистки по вакви настани”.
Иранската женска фудбалска репрезентација, исто така, доби порака: “Не грижете се – Иран ве чека со раширени раце. Вратете се дома”, изјави Есмаил Багеи, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран. Светската јавност се загрижува за безбедноста на иранските фудбалерки, откако на државната телевизија беа прогласени за предавнички, бидејќи на натпреварот од Азискиот куп протестирале со тоа што не ја пееја химната. Во услови на војна во нивната земја, такви постапки може да доведат до смртна казна.
Затоа, последните неколку дена, јавноста апелира до австралиските власти да им предостават азил. Според најавите, тоа веќе било направено за пет фудбалерки кои го побарале, додека останатите се плашат за безбедноста на своите семејства доколку одлучат да го стори тоа. И американскиот претседател, Доналд Трамп, јавно повика на реакција од Австралија.




