Инженерите кои не сакаше да ги створи, го чинеа живот …

Васко Саздовски е Македонец кој на 45-годишна возраст трагично го загуби животот во Нови Сад кога се урна надстрешницата на Железничката станица. Васко беше татко на две деца, професор и врвен научник во областа на роботиката. За него се натпреваруваа германски и српски институти, но пред една година донесе одлука и реши од Електротехничкиот факултет во Штип да се пресели и да работи во Нови Сад.

Неговиот пријател изјавува дека Васко ја донел оваа одлука бидејќи во Штип бил под притисок да им дава на студентите десетки, иако тие не покажувале знаење ниту за шестка. Васко се прашувал какви инженери ќе излезат од факултет ако оценките се поклонуваат.

Токму таквите инженери во Србија го чинеа живот.

- Реклама -