Остварив средба со здружението „До бебе по патот на ИВФ“, на која разговаравме за мерката што ја донесе Владата на Република Македонија. Станува збор за обезбедување на шест бесплатни инвитро постапки за парови со проблеми во плодноста, што пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, ја сподели на својот Фејсбук профил.
Оваа мерка, која доби поддршка од нас пратениците во Собранието, претставува значаен чекор за паровите кои се соочуваат со репродуктивни предизвици. Сметам дека е од исклучителна важност, бидејќи им дава нова шанса за создавање на семејство.
Иницијативата е важен потег во зголемувањето на наталитетот и создавањето поволни услови за семејствата во нашата држава. Со таквите програми, многу парови ќе можат да ја остварат својата желба за дете, што ќе влијае позитивно на целото општество, истакнува Стаменкоска Трајкоска во објавата.




