Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес учествуваше во прославата на шестгодишнината од основањето на Единицата за брза полициска интервенција при Секторот за внатрешни работи во Скопје. „Заедно со членовите на оваа единица, одбележавме шест години храброст, професионалност и посветена служба во нашата заедница“, изјави министерот, нагласувајќи важноста на нивниот труд и посветеност во осигурувањето на редот и сигурноста.



