Интервентната полиција – еден од клучните столбови на безбедносниот систем

По повод шестгодишнината од основањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска се одбележа Денот на единицата. Оваа свеченост ги истакна нејзините важни улоги во одржувањето на јавниот ред и мир, како и во заштитата на безбедноста на граѓаните на главниот град.

Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потенцираше дека Интервентната полиција се етаблирала како еден од клучните столбови на безбедносниот систем во земјата, со висока оперативна подготвеност, мобилност и професионализам.

– Интервентната полиција многу пати беше првата на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните. Резултатите што ги постигнувате не се случајни – тие се резултат на посветеност, храброст и тимска работа. Намалувањето на разбојништвата во Скопје за околу 40 проценти е јасен показател за вашата ефикасност, истакна министерот Тошковски, најавувајќи дека Министерството за внатрешни работи во иднина ќе продолжи со вложувања во опрема, обука и човечки ресурси.

Прочитајте и:  Кочински: Пријавувањето епидемија во Гостивар би значело подобра комуникација и координација на сите чинители