Интер се насочува кон Хојлунд

Тимот на Интер го доби новиот тренер, Кристијан Киву. Романецот има амбициозен план за целосна реконструкција на составот. Според италијанските медиуми, еден од клучните цели е и нападвачот Расмус Хојлунд.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед е во фокусот на интересите на Интер, но моментално сумата која Олд Трафорд ја бара e премногу висока за милјонерите. Манчестер побарува вкупно 45 милиони евра, а меѓу расположливите опции се споменува и можноста за позајмица.