Интер ја одби понудата од 50 милиони евра од Челзи за Бастони

Калчолигашот Интер одби понуда од лондонскиот Челзи за дефанзивецот Алесандро Бастони, како што ја пренесува италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“.

Според информациите, премиерлигашот понудил 50 милиони евра за 26-годишниот италијански репрезентативец, но Интер одлучил да ја отфрли таа понуда.

Бастони минатата сезона забележа 57 настапи, постигнувајќи два гола и додавајќи шест асистенции.

Италијанскиот фудбалер беше поврзуван и со трансфер во Барселона, но шпанскиот шампион се повлече од разговорите со Интер поради високата цена која беше поставена за него.