Инспекција на терен: Проверка дали новата градба во Гостивар го загрозува заштитениот објект?

Еден ден по објавувањето на статијата со наслов „Струшко сценарио во Гостивар – дали ќе се загрози уште едно културно наследство?“, во која ги пренесовме загриженостите на граѓаните за потенцијалната опасност од новиот објект, на терен излегоа и представници од Управата за заштита на културно наследство. Вчера, во телефонски разговор, тие изјавија дека објектот се наоѓа во „контактна зона“ и дека постои конзерваторско мислење за проектот. Објавија дека по направениот увид на местото, ќе ја потврдат eventualната појавата на неправилности во изградбата.

Согласно досегашните информации, новоградбата е лоцирана зад објектите во рамките на споменичната целина Градски центар Гостивар, која е прогласена за значајно културно наследство. Жителите од соседните згради, загрижени за безбедноста, веќе испратиле претставки до надлежните органи.

Прочитајте и:  Меѓународен ден на растенијата - посета на местото на балканскиот ендемит Астрагалус во Богданци