Македонскиот пејач Јане Славов ја објави својата нова песна под наслов „Инсомнија“. Ова дело е авторство на Виктор Апостоловски, кој го реализираше целокупниот музички, текстуален и визуелен концепт на проектот.
Станува збор за современа поп-композиција со иновативен аранжман и впечатлива вокална интерпретација, со што Славов продолжува да го развива својот солистички израз на македонската музичка сцена.
Спотот за песната е снимен на различни локации низ Македонија, со посебен акцент на Битола. Песната веќе може да се најде на сите дигитални платформи, а официјалното видео е достапно на YouTube.