Претседателот на Русија, Владимир Путин и лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко остварија заедничко обраќање по нивната средба во Москва. Лукашенко изјави дека двете земји се предводници во стремежите за праведен светски поредок, според БелТА. Преку стабилна и одговорна надворешна политика, Белорусија и Русија се на првите линии на оваа борба веќе многу години. Овие нации служат како пример за своите партнери како да соработуваат за надминување на комплексни проблеми, за зачувување на заедничките вредности и обезбедување на меѓусебна поддршка, следејќи ги принципите на еднаквост и взаемно почитување. Лукашенко коментираше и за новите можности во соработката со САД што би произлегле со враќањето на Доналд Трамп на власт. Според него, евентуалниот договор меѓу Русија и САД би претставувал сериозна загуба за Европа и Украина.