Инцидент со медицинска сестра во Прилеп

СВР Битола поднесе кривична пријава против 43-годишниот Р.Т. од Прилеп, бидејќи постои основано сомнение дека извршил кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 1 февруари 2025 година, во просториите на Итната медицинска помош во Прилеп, тој напаѓал медицинска сестра додека таа се обидувала да му пружи медицинска нега.