Имобиле се враќа во Италија

Најдобриот стрелец во Италија во последните 15 години, Чиро Имобиле (35), се договори за меѓусебен раскин на договорот со турскиот клуб Бешикташ, каде што настапуваше минатата сезона. Според италијанските медиуми, тој ќе се врати во властита татковина.

Имобиле, по се изгледа, ќе потпише едногодишен договор со Болоња, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. И покрај својата возраст, искусниот напаѓач продолжува да покажува добра форма и во минатата сезона постигна 19 голови, како и четири асистенции во дресот на Бешикташ.

Со своите 201 голови, Имобиле е осмиот најдобар стрелец во историјата на Серија А, од кои 169 постигнати во дресот на Лацио, чии бои ги носеше осум години.