Специјален репортаж од Вимблдон
Шест дена по историскиот настап на Лина Ѓорческа на завршниот турнир во Вимблдон, повторно можеше да се прочита македонско име на семафорите во тениските арени. Иако знамето пред него беше австралиско, името Даниел Јовановски недвосмислено укажуваше на нашиот сограѓанин.
Даниел Јовановски е осумнаесетгодишен тенисер од Мелбурн, кој ја имаше својата премиера на Вимблдон во јуниорска конкуренција. Повредата на рамото му го скрати настапот на само втората рунда, но неговите достигнувања му даваа статус на еден од темните фаворити. Тој сам го потврдува тоа во разговорот за Макфакс:
„Пред Вимблдон многу тренирав со мојот тренер. Мојата цел беше да се обидам да го освојам турнирот.“
Почетоците на Даниел во тенисот се слични на оние на многу деца што ја истражуваат својата спортска наклонетост. Како што објаснува неговата мајка Бети, која редовно го придружува на патувањата, малечкиот Даниел од секогаш сакал и фудбал и тенис. Но, по совет на Тениската федерација на Австралија, на четиринаесетгодишна возраст морал да одлучи за кој спорт да се посвети. Изборот паднал на тенисот.
Одлуката се покажала како исправна, бидејќи веќе следната година, на 15 години, тој победува на државен турнир за јуниори до 16 години, стекнувајќи вајлд кард за главниот жреб на Австралија опен. Од тогаш, неговата кариера бележи само напредок, а на 13 април 2026. година, го достигна својот највисок ренкинг на 25-то место на јуниорската листа, потврдувајќи ја титулата на најдобро рангиран австралиски тенисер на ИТФ листата.

На Вимблдон, тој остави впечаток на комплетен млад тенисер, но истакнува дека има аспекти на кои мора да работи за да ја подобри својата игра.
„Мојата игра се карактеризира со силен сервис и агресивни разменување на удари, особено на трева, каде топчето се движи побрзо отколку на другите подлоги. Тревата ми е омилена подлога. Задоволен сум од мојот сервис, но ми недостасува работа на техниката. Сметам дека моето ментално здравје е клучно, сакам да биде ментално стабилен, како Ѓоковиќ.“
Спомнувањето на Новак Ѓоковиќ не може да не го отвори прашањето за неговите идоли во тенисот.
„Ноле ми е инспирација, бидејќи е неверојатен во својата игра. Мислам дека неговата најголема предност е менталната стабилност. Изгледа дека без напор постига одлични резултати. Бев многу среќен кога на последниот Австралија опен бев негов спаринг-партнер пред полуфиналето против Јаник Синер.“
Тенисот е сериозен спорт, а Даниел е дел од семеен проект на неговите родители, Тони и Бети, кои се втора генерација на македонски иселеници од Битола. Како што објаснува неговата мајка:
„Тенисот е скап спорт ако сè треба да се финансира од родителите. Ние напуштивме Австралија на 5-ти мај, прво бевме на Ролан Гарос, а сега сме на Вимблдон. Повеќе од два месеци сме надвор од дома и сметките се високи. Само овие два месеци ни чинат околу 30.000 евра. Сè што е постигнато, постигнато е само од нас.“
Како поткрепа на нејзините зборови, Даниел се потсетува на своите почетоци:
„Секогаш се чинише дека никој не го забележува мојот талент. Играв сам, без поддршка. Единствено родители ми го видоа потенцијалот и целосно ми се посветија. За тоа им сум многу благодарен.“
Жртвата на неговите родители е поголема, бидејќи по раѓањето на најстариот син Николас, мајка му Бети ја напуштила работа како менаџер во банка, за да им се посвети на децата. Потоа, се родија Даниел и најмала ќерка Ени.
„Не сакав да друга да ми ги воспитува децата. Сакав сама да ги гледам како растат и да знам дека сè што е добро или лошо кај нив потекнува од мене, а сопругот, кој е финансиски брокер, преузе обврската сам да ја обезбедува материјалната сигурност на семејството.“
Даниел оваа есен ќе настапи на УС опен, последниот гренд слем турнир во јуниорска категорија. После тоа, го очекува преод во „светот на возрасните“, каде ќе мора да се бори за својот ренкинг. Идните планови вклучуваат комбинирање на образованието и тенисот.
„Во август се сели во Америка, во Ноксвил, Тенеси, на колеџ, добивајќи стипендија за четири години. Таму ме чека многу тренирање. Цел живот тренирам, и добро е што ќе продолжам со тренинзите на колеџот. Мечтаам да стигнам до врвот и да бидам број еден во светот, но знам дека тоа е далечно. Потребни се многу мали чекори за да се достигне тоа.“
Кога станува збор за иднината, Даниел секогаш може да се надева на најдоброто. Но, предизвиците и очекувањата може да донесат неочекувани потешкотии. Оттука и прашањето дали размислува да игра за репрезентацијата од која му потекнува семејството.
„Тема за дискусија. Ја сакам Австралија, но ја сакам и Македонија, од каде што потекнувам. За сега, задоволен сум од можностите во Австралија, но иднината се уште е непозната. Ако чувствувам недоволство во статусот, Македонија секогаш ќе биде опција во мојата кариера.“

Сличен е и одговорот на неговата мајка:
„Даниел игра за Македонија секогаш е опција. Теме на размислување, бидејќи дедо му и баба му се од македонско потекло. Тој чувствува силно македонско идентитет, и ако некогаш го прашаат за својата националност, тој ќе каже дека е Македонец. И сите во нашето семејство така се идентификуваме. Исто така, тој е голем верник. Растевме со црковни обичаи и секогаш славевме Божиќ и Велигден по православните обичаи.“
С оглед на тоа дека пред него се нови предизвици, на Даниел му посакуваме долга и успешна кариера. Можноста за поврзување со Вимблдон ја искористив за да му подарувам дрес од ракометниот клуб Вардар, кој го носеше Владо Недановски во победничкото финале во Келн 2017 година.
„Од шампионите за идниот шампион!“ – ја напишав пораката.
Даниел, свесен за значењето на подарокот, вети дека ќе го чува и кога дојде времето, ќе го подари на некој млад, талентиран македонски спортист, кој само што почнува да биде дел од светот на спортот.

Текст и фото: Ненад Живановски – Столиќ




