„Или химна, или не играме!“ — Храбриот ултиматум на Андон Дончевски …

Во студената ноемвриска ноќ на 16 ноември 1994 година, на стадионот „Констант Ванден Шток“ во Брисел, не се играше само пријателски фудбалски натпревар меѓу Белгија и Македонија. Се играше нешто многу поважно — се играше за достоинство, за идентитет, за државност. А еден човек, селекторот Андон Дончевски, одлучи дека македонската чест нема цена.

„Или химна, или не играме!“, му порача тој остро на делегатот пред натпреварот, кога беше јасно дека нема да се интонира македонската химна, ниту ќе се виори македонското знаме. За многумина, тоа можеби беше само фудбалски дуел, но за Дончевски и неговите играчи — тоа беше момент на историска определба.

Во годините кога Македонија сè уште се бореше да биде признаена како суверена држава, секоја јавна сцена беше арена на афирмација. Затоа, кога делегатот невешто одговорил дека Македонија ќе игра „како ваша земја“, Дончевски не прифати да биде третирана безимено. „Имаме име,“ му рече, „знаеш ли како се викаме?“ Делегатот молчеше. Но, по неколку моменти на тишина и дипломатски консултации, се врати со нов одговор — химната ќе се интонира.

Повеќе на Македонски разбој