Филипче: Одговорете на анкетниот прашалник на ИЈЗ за Ковид-19 и придонесете во научни цели (ЛИНК)

Министерството за здравство и министерот Венко Филипче споделија Анкетен прашалник на Институтот за јавно здравје на тема „Увид во однесувањето за КОВИД-19“. Целта, како што објаснува Филипче, е да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирусот.

„Вашите одговори ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на овој вирус. Податоците ќе бидат зачувани во Институтот и може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина“, напиша Филипче.

Се работи за некомерцијална студија која е финансирана од Светската здравствена организација (СЗО).

Анкетата ќе ја најдете на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdee7yN3qmmTNMSH0zHlO2F5ks-_UE46QUrukSHdtqxSCF8rA/viewform

- Реклама -