Игор Стефановски Иџе со ново возбудливо искушение во Германија

По изузетно тежок и бурен викенд во Чешка, полн со предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трократниот европски шампион Стефановски се подготвува за новото натпреварување во Германија на легендарната трка Glasbachrennen.

„За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот труд на мојот тим, автомобилот не е во целосно оптимална состојба како пред инцидентот. Работевме неуморно за да го подготвиме што е можно подобро за настапот во Германија“, вели Иџе.

Во овој момент, најважно е техничката комисија на FIA поDetailната проверка, која ќе се изврши во петок, да ни даде зелено светло за учество. Тоа е нашата прва и најголема битка пред да застанеме на стартот, додава Стефановски.

Прочитајте и:  „Охридско лето“ - Македонската музичка традиција со Ана и Игор Дурловски и оркестарот „Ајга“

„Се надевам дека сè ќе биде во ред и дека ќе можеме да се бориме за што подобар резултат. Сигурно е дека оваа трка ќе биде една од најпредизвикувачките во сезоната, не само за мене туку и за целиот тим, кој вложува огромен напор за да останеме конкурентни во шампионатот“, смета Стефановски.

По завршувањето на трката во Германија, автомобилот ќе биде испратен во Ferrari во Италија на детален преглед и целосна санација на оштетувањата, со цел повторно да биде подготвен на највисоко ниво за следните предизвици.

„Никогаш не се предаваме. Кога е најтешко, тогаш се открива вистинскиот карактер на шампионите. Овој викенд не ќе биде лесен, но ќе дадеме сè од себе за да ја преставиме Македонија на најдобар можен начин.“