Секое позитивно преобразување започнува со иновативна идеја и со луѓе кои веруваат во својата моќ да направат разлика во заедницата. Заради тоа, dm, преку платформата „Иднина која инспирира“, ги повикува здруженијата, организациите, институциите, училиштата и локалните самоуправи да ги пријават своите проекти и да добијат поддршка за реализација. Конкурсот е отворен до 31 јули, а најмалку три проекти ќе бидат поддржани од dm за да станат реалност.
„Иднина која инспирира“ е создадена со верување дека иднината не е нешто што минимално го чекаме, туку нешто што активно го создаваме заедно. Целта на платформата е да препознае и поддржи иницијативи кои можат да придонесат за подобар квалитет на живот, поисправна животна средина и посилни локални заедници, охрабрувајќи ги луѓето да учествуваат во промените што сакаат да ги видат во својата околина.
Во рамките на конкурсот, dm ќе поддржи најмалку три проекти, по еден во секоја од трите области – заштита на животната средина, унапредување на меѓучовечките односи, и поттикнување на развој и напредок (особено во сферата на социјална еднаквост, интеграција и инклузија, и образование). Поддршката нема да биде фиксна, туку ќе биде приспособена на реалните потреби на секој проект, преку производи, материјали, услуги, опрема или друга форма на поддршка која ќе помогне за успешна реализација на идејата.
Право на учество имаат регистрирани здруженија, невладини организации, установи, училишта и единици на локалната самоуправа со седиште во Македонија. Организациите можат да пријават до три различни проекти, а за секој од нив е потребно да се пополни посебна онлајн апликација. Во неа треба да се претстави идејата, целите, активностите, очекуваните резултати и волонтерска компонента, која е задолжителен дел од секој проект. Заедно со апликацијата се доставуваат проектен план, буџет и другата потребна документација. Подетални информации се достапни на платформата.
При изборот, клучен фактор не е големината на организацијата, туку потенцијалот на проектот да создаде долготрјна и позитивна промена. Ќе се оценуваат идеите што нудат конкретни решения за потребите на заедницата, имаат јасно дефинирани цели и можат да остават долгорочно влијание. Пријавите ќе бидат оценувани од комисија составена од претставници на dm и независни експерти, според критериумите наведени во правилата и условите.
Сите заинтересирани организации кои имаат иновација што може да придонесе за поздрава, одржлива и посолидарна заедница можат да аплицираат до 31 јули преку платформата „Иднина која инспирира“ и да ѝ дадат шанса на својата иницијатива да стане следната позитивна промена што ќе инспирира и други.




