ИДФ: Во воздушен напад убиен командант на воздухопловните сили на Хамас во градот Газа

Командантот на воздухопловните сили на Хамас во градот Газа, Нидал ал-Наџар, е убиен во неодамнешниот воздушен напад, објавија израелските одбранбени сили (ИДФ) и израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет.

Според израелската војска, Ал-Наџар бил меѓу терористите на Хамас кои планирале да се инфилтрираат во Израел од воздух за време на нападот на 7 октомври, пишува „Тајмс оф Израел“.

Ал-Наџар е убиен во воздушен напад во вторникот, соопшти израелската војска.