
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги промени правилата за фризурите на мажите во земјата. Во државата за косите на поданиците одамна е издаден каталог на дозволени фризури.


Според новите правила мажите не треба да имаат подолга од неговата коса, а фризурата треба да биде … речиси идентична.

Жените, пак, треба да го усогласат својот стил со оној на сопругата на лидерот – Ри Сол Жу, која сепак успеа да ги пробие патишта во земјата – барем што се однесува до облеката.

За да влезат побрзо во сила новите правила, специјални набљудувачи веќе кружат низ училиштата и прават корекции на фризурите на ученици. Правилата нема да важат само за уметниците.



