Утрово владее студено и ведро време, додека преку ден се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од -5 до 9 степени.
Утре (вторник) нѐ очекува делумно облачно време и дневна температура до 7 степени. За среда синоптичарите најавуваат дестабилизација со услови за врнежи од дожд и снег. Во среда во текот на ноќта и во четврток, се очекуваат повремени локални врнежи, претежно од снег. Утринските температури ќе бидат во постепен пораст.
Во петок ќе биде облачно со услови за дожд.