И 41-от обид за формирање на Собранието на Косово заврши без успех.

Конститутивната седница на собранието на Косово денеска беше прекината по 41-ви пат, бидејќи повторно не беше прифатен предлогот на Самоопределување за тајно гласање при изборот на претседател на собранието.

Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово и Српската листа ниту денеска не предложија членови за комисијата за тајно гласање.

За формирање на оваа комисија се изјаснија 54 од 99 присутни пратеници.