Најтрофејниот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, постигна уште еден значаен успех на меѓународната сцена, триумфирајќи на ридско-брзинската трка во Котор, едно од највозбудливите и најпосетувани натпреварувања во регионот.
Во паузата меѓу настапите на ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), Стефановски ја прифати поканата од организаторите и повторно ја потврди својата класа, победувајќи во конкуренција од 134 учесници.
Македонскиот возач постигна вкупно време од 4 часа, 20 минути и 64 секунди, со 2 часа, 10 минути и 86 секунди во првата и 2 часа, 9 минути и 78 секунди во втората трка.
Со тоа за речиси 13 секунди го надмина второпласираниот противник.
Натпреварот беше организиран од Автомобилскиот и картинг сојуз на Црна Гора заедно со АМСК Котор и има значајна улога, бидејќи носи бодови за шампионатот на Црна Гора, првенството на Хрватска, како и за Адриатик и Котор куповите.




