Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро пука со пиштол од автомобил во движење – опозицијата бара негова оставка

Според видеото, Дабро седи на совозачкото седиште во автомобилот, а е облечен во лежерна летна облека. Поради тоа, хрватските медиуми претпоставуваат дека видеото е снимено во летниот период. Во позадина се слуша народна музика

Хрватските медиуми објавија видео, кое истовремено се споделува и на социјалните мрежи на кое се гледа како тамошниот вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, Јосип Дабро, додека се вози со автомобил пука од пиштол низ отворениот прозорец, пренесува хрватски „Индекс“.

Хрватската Владата го оцени ова однесување на вицепремиерот како непримерен и неодговорен чин, додавајќи дека со него ќе биде извршен разговор, како и дека надлежните органи ќе ги преземат сите дејствија за утврдување на околностите на настанот од видеото.

Хрватскиот вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, Јосип Дабро / Фото: Принтскрин

Опозициските претставници сметаат дека министерот Дабро треба да поднесе оставка.

По објавувањето на видеото, Дабро се извини, изразувајќи жалење, а посочи и дека видеото е старо и е снимено за приватни цели.

Според видеото, Дабро седи на совозачкото седиште во автомобилот, а е облечен во лежерна летна облека. Поради тоа, хрватските медиуми претпоставуваат дека видеото е снимено во летниот период. Во позадина се слуша народна музика.

„Индекс.хр“ пишува и дека се претпоставува дека пукал во близина на населено место, зашто низ прозорецот се гледа улично осветлување, а во еден момент се гледа и куќа.

Видеото можете да го погледнете тука.

- Реклама -