Хеликоптерите на Министерството за внатрешни работи исфрлија над 30 тони вода

Во текот на денешниот ден (25.07.2025) два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи, Бел 412 и Агуста Бел 212, активно се вклучија во гасењето на пожарот на планината Плачковица, како и на пожарот во струмичкиот регион.

Во оваа акција беа фрлени повеќе од 30 тони вода.

– Активностите на полициските хеликоптери продолжуваат и во наредните денови, сè до целосно гасење на пожарите на територијата на целата земја, истакнуваат од Министерството за внатрешни работи.